СДСМ Битола: Уште еден скандалозен тендер на Талески

by fokus 21:28
21:28

Општинската организација на СДСМ во Битола денеска обвини дека градоначачникот Владимир Талески е вмешан во уште еден спорен тендер со имотот на поранешната касарна во градот.

-Во 2010 година Општина Битола превзеде објекти и имот на поранешната Касарна кои во себе содржеа функционални вредности. Ако се земе предвид фактот дека опремата во објектите на АРМ (пекара, котлара, разладни комори, фискултурна сала, перална, парновод) претставувала синоним за квалитет и фактот што во моментот кога им беа предадени на Општината објектите беа во функционална состојба, тогаш зачудува како тоа цел движен имот се продаде за смешна цена од околу 10.000 евра како старо железо? –  праша денеска Борче Корлевски од СДСМ.

Корлевски најави дека партијата ќе поднесе кривича пријава за Талески, а го повика и Специјалното јавно обвинителство да го испита случајот.

Инаку, битолскиот градоначалник веќе трет месец е во куќен притвор за случајот „Транспортер” во кој се терети дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневерил 360 илјади евра.

Поврзани новости