Градинка „Весели цветови“: Најостро ја осудуваме изјавата на Димков, нашата колешка која почина не беше отпуштена

by fokus

Градниката „Весели цветови“ вечерва ја осуди изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков дека негувателка од нивната градинка почината, бидејќи била отпушена.

-JДГ „Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во град Скопје најостро ја осудува и се оградува од изјавата на пратеникот Трајчо Димков дадена на собраниската говорница во врска со смртта на нашата драга колешка Елена Ристова. Имено, не се точни наводите дека на нашата вработена, која важеше за одличен работник, почитуван помеѓу колегите, ценет од родителите и сакан од децата и бил врачен,или пак најавен отказ, или пак била избркана од работа. Напротив, вработената имаше активен работен однос со Договор за привремени вработувања до 31.12.2018 година со тенденција за негово трансформирање во Договор на неопределено време,согласно законските прописи. Во ниту еден случај ниту вработените ниту Управата на градинката Весели Цветови не придонеле за нарушување на здравствената состојба, а најмалку преку раскинување на договор. Целосно се оградуваме од изнесените невистини и во ниту еден случај не би сакале да помислиме дека вакви траорни судбини можат да бидат искористени за некакви политички препукувања или за нарушување на угледот на нашата установа, се вели во демантот.

Поврзани новости