По Алаѓозовски, културата ја напушти и посебниот советник Петрит Сарачини

by Fokus

Со констатирањето на оставката на министерот за култура Роберт Алаѓозовски во Собранието на РМ, престанува работниот договор и ангажман и на Петрит Сарачини, кој  беше посебен советник и дел од кабинетот на министерот.

Сарачини на својот Фејсбук профил напиша дека му било чест што бил во служба на граѓаните.

„Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓан(к)ите и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата. Се надевам дека бевме достојни на предизвикот. Освен на колегите и соработниците, сакам да се заблагодарам од срце на сите што не поддржаа во нашите искрени напори и заложби за подобра, слободна, инклузивна култура, култура од сите, до сите и за сите, како наш заеднички влог во изградба на Македонија како едно општество, еден дом и едно семејство, во кое сите се грижат едни за други и чекорат заедно кон подобра иднина“,напиша Петрит Сарачини на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости