Градинка „8 Март“: Знамето на ВМРО-ДПМНЕ на нашиот објект е политички монтиран случај

by fokus

Градинката „8 март“ денеска испрати демант за знамето на ВМРО-ДПМНЕ кое вчера беше сликано поставено на нивниот објект.

-Во нашето долгогодишно работење сме покажале и докажале дека дословно ги почитуваме сите закони, вклучително и законите за истакнување знамиња на празници, односно неистакнување на знамиња со партиски одбележја. Оттука сметаме дека вчерашниот настан е монтиран случај со кој се сака да се оцрни успешното работење на градинката и градоначалникот на општината, се вели во демантот, каде никаде не се демантира дека знамето сепак било на нивниот објект.

 

Поврзани новости