466
Пеесет и пет годишен скопјанец, вработен во градежна фирма ВАМ Инжинеринг, паднал од скеле и починал на самото место при изведување градежни работи вчера попладне на улицата „Мирче Оровчанец“ во станбена зграда.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР – Скопје, а по наредба на Јавен Обвинител, телото е дадено на обдукција.