691
Градежен факултет денеска ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење во Скопје.
На настанот ќе присуствуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорите на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и Агенција за катастар на недвижности Борис Тунџев, како и Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, високо-образовните институции од земјава и регионот и гости од домашни и странски фирми и соработници.
Во рамки на свеченоста ќе се изврши проекција на филм за Градежен факултет – Скопје и ќе бидат врачени плакети на високи гости.