Девојче од Македонија со оштетен вид ќе ги добие паметните очила на OrCam

by fokus 09:16
09:16

Мал е бројот на иновации и производи кои може да им помогнат на луѓето со оштетен вид. Порталот Фактор имаше уникатна можност да ја проследи презентацијата на OrCam во нивното седиште во Тел Авив. Секое дејствие на очилата се повеќе изгледаше како да е од сцена на научно-фантастичен филм, кога технологијата е впрегната да ја унапреди човечката несовршеност и ранливост.

OrCam ги развива првите очила за слепи и за лица со оштетен вид. Очилата MyEye кои ја добија својата втора верзија не се помагало за вид, ниту пак го враќаат видот, но затоа преку вештачката интелигенција помагаат на лицата со оштетен вид полесно да функционираат во секојдневниот живот. Очилата може да прочитаат текст, да препознаат лица на луѓе, да ви кажат колку пари имате во раката, колку е часот, да добиете информации што има пред вас, а располагаат со батерија за речиси еденодневна употреба и доволно меморија за сите податоци кои се складираат локално за да не се наруши приватноста.

- Advertisements -

OrCam се очила кои имаат 13 мегапикселна камера која прави слики и скенови од околината на корисникот и потоа му дава соодветни информации. Смарт уредот работи на гласовни команди вклучувајќи на англиски јазик, српски, бугарски и на уште триесетина светски јазици. Наскоро се планира и очилата MyEye да слушаат команди и на македонски јазик. Тоа што најмногу ни предизвика внимание е информацијата дека вакви очила ќе добие девојче со оштетен вид од Битола како прв македонски корисник чиј живот може да биде значително олеснат.

Поврзани новости