Град Скопје за загаденоста: Не излегувајте од дома и не проветрувајте

by fokus

Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болнните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува, препорача Град Скопје како заштита од енормно загадениот воздух.

Граѓаните, исто така, се повикуваат  да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци и при затоплување да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси  како отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали. Се препорачува редовно чистење на оџаците, печките да се користат и одржуваат според упатството на производителот и да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.

Град Скопје ги предупредува граѓанит и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои се загадува воздухот во просториите. Раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително треба да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада.

Поврзани новости