Општините не го изградија патот, ски центарот Кожув оди под стечај

by fokus

Основниот суд во Велес отвори стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф, во јужна Македонија, објави Дума.

Стечајниот судија Валентина Ѓорѓиевска го прифати барањето на поранешни вработени во ски центарот за отворање на стечајна постапка. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски.

Ски центарот Кожуф започна да се гради во 2000 година а седум години подоцна се случи првото скијање на патеките. Инвеститорот потроши  20 милиони евра за неговата изградба, но општините Кавадарци и Демир Капија во текот на овие години не успеаја да го изградат патот до ски центарот.

Поврзани новости