Град Скопје ја демантира веста дека легендарниот екс Ју бенд „Бјело дугме” ќе пее на плоштадот Македонија во Скопје, по повод Денот на ослободувањето.
Веста дека на 17-ти ноември, наместо на 13-ти, кога е официјално и празникот на градот, скопјани ќе можат да уживаат во концертот на Бреговиќ, Бебек, Исламовиќ и Војичиќ, првично беше објавена во повеќе портали на 15-ти, месецов.
Денес, во разговор за „Фокус” истата ја потврди и Васка Јанковска, вокалистка и долгогодишна соработничка на Бреговиќ, по што беше објавена и во „Фокус“.
-Да, сигурен е концертот, истиот беше договорен кога пред извесно време Бреговиќ гостуваше во Струмица. Настанот е намерно поместен на 17-ти, поради одржување на друг концерт на 13-ти ноември. Ова е одлична можност за добра забава со безвременските хитови на „Бјело дугме” за сите генерации – вели Јанковска.
Сепак, од Град Скопје тврдат дека немаат никаква поврзаност со настанот и најверојатно станува збор за приватна организација на концертот.