Пет лица повредени откако камион се заби во двокатен автобус

by fokus

Фото: МКД.мк

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа вчера на регионалниот пат Скопје– Велес откако камион марка „застава“ со струмички регистарски таблички удрил во двокатен автобус на ЈСП. Според МВР повредени се двајцата возачи, и пет патници во автобусот.

„Вчера околу 12,20 часот било пријавено дека кај населбата Дрма се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Застава” со струмички регистарски ознаки управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус “Јутонг” со скопски регистарски ознаки управувано од И.Ц.(28) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18) сите од Скопје по што со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости