Град Скопје се откажува од кредитот за Луна Парк, а фирмарината ја намалува од 7.000 на 4.000 денари

by Fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти конкретните мерки што ги презема Градот Скопје во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот за сите граѓани во земјава.

– Град Скопје нема ново задолжување во 2019 година, ниту пак користи дел од средствата кои биле префрлени како непотрошени од претходната 2018 година, напротив имаме кумулирано дополнителен вишок на приходи во износ од 364.424.419 денари – истакна Шилегов.

Тој додава дека за таа цел ја спуштаат комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат, (колкава што е минималната цена дозволена со закон) за цела 2020 година;

„Ја намалуваме фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020 (што исто така е законски минимум);го откажуваме кредитот за изградбата на новиот Луна Парк; подигнуваме нов кредит на иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура (која ја работат домашните компании);комуналите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати (ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра) – рече Шилегов.

Поврзани новости