Град Скопје вечерва испрати соопштение во кое ги демантира насловите и информациите пренесени од некои медиуми во врска со цената на дрвото Гинко што ќе биде поставено на местото каде беше т.н. споменик од Ќосето, пред Судската палата во Скопје.
-Посаденото дрво ќе биде дел од вкупната набавка за разеленување на главниот град, а само тој садник се очекува да чини околку 5000 денари. Со планираната акција за разеленување на град Скопје, предвидени се буџетски средства за набавка на околу 10 000 дрвја од различен вид, коишто ќе бидат садници постари од 6 години и не пониски од 3 и пол метри, а истите ќе бидат и мапирани, велат од Град Скопје.
Од Градот додаваат дека големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат голем број лековити својства.