Заев: Можеби ќе мораме да ја покачиме старосната граница за пензионирање

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратнеички прашања најави дека можеби ќе мора да се преземаат непопуларни мерки за пополнување на дупката во Пензискиот фонд.

-Треба да бидеме загрижени за стабилизирање на ПИОМ. Логиката за падот на невработеноста значи дека тој треба да се полни, но тој создава се поголем дефицит. Знаете дека годините на пензионирање пораснаа опционо 67 за маж, 65 за жени, и тоа треба да значи дека Фондот се полни, но тој создава  поголем дефицит. Фондот постојано се празни. Ако сакаме нормално и здраво да зборуваме, чесно треба да зборуваме и некои работи да ги донесеме во нормала. Ако не се постигне целта да се заздрави економијата и да се крене стандардот, ќе мора, поради дупката во ПИОМ, да зголеми возраста за пензионирање и височината на придонесите. Ако не биде така, јас мора да ги соопштам и непопуларните мерки што би се презеле. Но, тоа мора да го издржи економијата, оти ваквата мерка може да одврати инвестиции. Затоа сме насочени кон издржани мерки. Но, и опозицијата мора да биде тука, да испраќаме сигнали за силна држава. Целото ова како механизам мора да биде ставено на здрави основи, без популизам. Се надевам нема да се покачи старосната граница и нема да се покачат придонесите. Но, тоа ќе значи дека е јака економијата, рече Заев.

Поврзани новости