459
Град Скопје од утре почнува со чистење на шаренилото со кое демонстрантите ги обележуваат спомениците од проектот „Скопје 2014-та”.
Од таму информираат дека веќе анажирале фирма за одржување и чистење на спомениците.
Градските власти викендов ќе организираат чистење на спомениците во паркот „Жена борец“ и на плоштадот „Македонија“.
Изминативе денови пак, група жени се собираа пред офарбаните споменици и со сунгерчиња и детергенти се обидуваа да ги исчистат трагите од протестите, но не успеаја.