Прекршочни за Алфа, Канал 5 и Сител поради пристрасност кон ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги во вториот извештај од надзорот на медиумското претставување во вестите по распишување на изборите, за период од 25 април до 4 мај, констатира дека телевизиите „Алфа“, „Канал 5“ и „Сител“ известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ.

За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки.

„Агенцијата предупредува дека продолжува непочитувањето на професионалните стандарди и на програмските начела, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните и за еднаков третман на различни гледишта, за почитување на човечкото достоинство и за поттикнување на духот на толеранцијата. Првиот извештај за интервјуата, дебатите и за другите информативни програми за период од 15 април до 4 мај покажаа дека во некои информативни програми има појава на најгруб говор, навреди и клевети кои се надвор од дозволените граници на демократска дебата“, соопштија од Агенцијата за медиуми.

Поврзани новости