Град Скопје: Ја увидовме грешката со видеото, очекуваме ново за прскањето кое ќе се направи утре

by fokus

Град Скопје ја повикува јавноста во 05.00 часот на спортскиот аеродром Стенковец, да присуствува на полетувањето на авионот кој треба да го изврши планираното прскање против комарци.

Од таму признаваат дека претходно објавеното видео, од наводно прскањето утринава, е грешка, затоа што самото видео е поставено на Јутјуб каналот на 8-ми минатиот месец.

„Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе Ви го доставиме“, велат од Градот.

За потсетување, додаваат од таму, прскањето со авион почна изминатата ноќ, а ќе се одвива и во наредниве три дена.

Поврзани новости