Судир меѓу такси и „голф“ кај Собрание, сообраќајот во грч

by fokus

Судар меѓу возило на такси компанија и „голф“ предизвика застој во сообраќајот кај Собрание. Движењето на возилата е отежнато бидејќи полицијата врши увид.

Може да се забележи поголема штета на таксито кое со предницата удрило странично во „голфот“. Второто возило, пак, завршило во столбот на семафорот.

За сега нема информации за повредени лица.

Поврзани новости