Град Скопје го огради со столпчиња тротоарот каде беше затекнато возилото на министерот за правда

by fokus

Град Скопје постави столпчиња на тротоарот долж улицата „Даме Груев“, пред поранешен Мекдоналдс, кој редовно служеше за паркирање на несовесни возачи. Неретко тука службениот автомобил го чекаше и министерот за правда.

„На барање на граѓаните денес започнавме да поставуваме столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе го оградиме и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје“, информираат од Градот.

Вчера министерот Билен Саљији вети дека повеќе нема да ја го узурпира тротоарот со својот службен автомобил.

Поврзани новости