Кривичен суд одлучи на Сашо Мијалков да не му се суди за апсењето на Бошковски

by fokus

Основниот суд Скопје 1 Скопје одлучи делумно да го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, за примената на полициска бруталност при апсењето на Љубе Бошковски. Според одлуката на Кривичниот суд, на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, како обвинет од СЈО, нема да му се суди за неговата инволвираност во случајот.

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобрил обвинението само за шестмина обвинети, припадници на полициската единица „Алфи“. За СЈО оваа одлука е неприфатлива и најавуваат дека ќе ја обжалат пред Апелациониот суд.

Доказ во овој случај ќе бидат прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ. Станува збор за околу 35 снимки. Еден од разговорите е меѓу Мијалков и новинарот Драган Павловиќ-Латас.

 

Поврзани новости