634
Градот Бородјанка, близу Киев, речиси целосно е уништен, изјави вечерва регионалниот гувернер Олексиј Кулеба.
– Таму нема вода ни струја… го нема Бородјанка. Речиси е целосно уништен. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под влијание на руските војници; тие ја контролираат оваа населба, рече Кулеба.
По ракетниот напад на голем станбен блок во Бородјанка на 2 март, Украинската државна служба за вонредни состојби вчера за Си-Ен-Ен соопшти дека е можно да има луѓе се уште заробени под урнатините на зградата.
Бородјанка е цел на постојано гранатирање во последните неколку дена, како и малите градови околу неа.