Госпоѓо Арсовска, вашиот рејтинг оди кон нула, истакна Галески

by Fokus

Советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески  ја нарече неспособна администрацијата на Данела Арсовска, целата вина ја префрли на нејзе и на СДСМ, иако тие ја избраа и праша – зошто градоначалничката троши огромна сума пари за пи-ар кога должи  пари на јавни претпријатија.

Во тој стил беше целата седница на Советот на Град Скопје на која не се бараа решенија, туку се префрлаше вината.

-Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, хаос, огромни долгови, матни ликови  за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери и една политички чудна, но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изгледа Скопје кога Арсосвска го води, рече Галески.

Фото: Независен

 

Поврзани новости