Ѓорѓиев: Состојбата е стабилна, но ниските температури може да предизвикаат проблеми

by Фокус
Состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови е генерално стабилна, со сериозни предизвици што се на видик и со се уште актуелни можности за негативен развој на настаните, особено од ниските температури кои можат да предизвикаат проблеми во снабдувањето со електрична енергија и вода, како и во сообраќајот, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
– Од студеното време може да има одредени предизвици, пред се во поглед на здравјето на населението, потоа во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, како и со движењето на лицата и сообраќајот – посочи Ѓорѓиев, додавајќи дека институциите остануваат подготвени во секој момент да дејствуваат на секој дел од теренот за да се сведат ризиците на минимум.

Поврзани новости