Ѓорчев влезе во кампања: Се сретна со портпаролката на Трамп

by fokus

Влатко Ѓорчев, еден од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево соопшти дека остварил средба со портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп

-Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп. За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи. Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости