380
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во синоќешното гостување на ТВ 24, упати силни критики кон власта, прогнозирајќи пораз на СДСМ на претседателските избори.
„Очекувам да нема полнење на кутии во недела, очекувам власта да го прифати поразот и очекувам кандидатот на Зоран Заев и неговите министри убедливо да бидат поразени. Факт е дека власта ги нема довербата и легитимитетот. Тие изгубија на последните избори. СДСМ во моментов има 33 пратеници, без коалициони партнери, а се однесуваат како да имаат 133. Треба да се каже „не“ на тоа, доста беше. Петре Шилегов се фали дека офарбал една ограда, додека Косово и Албанија отвораат стотици километри автопати“, истакна Ѓорчев.