Роналдо не го поседува најскапиот автомобил во светот

by fokus

Застапникот на Кристијано Роналдо, негираше дека Португалецот го има купено најскапиот автомобил на светот.

„Оваа информација не е точна. Роналдо го нема купено автомобилот“, изјави претставникот на ѕвездата на Јувентус за „ТМЗ“.

Претходно, повеќето светски медиуми објавија дека Роналдо го купи најскапиот автомобил на планетата, „Bugatti La Voiture Noire“.

Цената на тој автомобил е 11 милиони евра, моќта на моторот е 1.500 коњски сили, а максималната брзина е 420 км/ч.

Поврзани новости