Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека граѓаните имаат причина да се сомневаат дека нешто лошо се спрема во преговорите за името.
-Нема Македонец кој не е допрен од ова. Во моментов за жал имаме ситуација кога единствен извор на информации ни се грчките медиуми. Имаме една жална ситуација, но да се надеваме дека некако ќе се воспостави канал на комуникација. Да имаше нешто асално да се каже, ќе се кажеше. Се работи за тактика, постепено да се направи целата таа операцаија. Граѓаните се во страшна недоумица. Има основа да се сомнева дека нешто се крие зашто лидерската средба се одложува. Прво беше нема да се менува Уставот, а се тоа се менува. Има луѓе кои ја водат државата, а се однесуваат како неразбрани трговци кои евтино го продаваат името, рече Ѓорчев.