Студен туш: БПЦ ја одби поканата од МПЦ за заедничка прослава на 1.000- годишнината од охридската архиепископија

by fokus 18:52
18:52

Синодот на бугарската православна црква донесе решение да не ја прифати поканата на архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан за заедничка прослава на 1.000- годишнината од охридската архиепископија, објави телевизија Канал 5.

На барање на русенскиот митрополит Наум БПЦ да не учествува на прославата во Охрид поради „темелни разлики“, Синодот со мнозинство гласови одлучил да не даде благослов претставници на БПЦ да земат учество во прославата што ќе се одржи на 27 мај во Охрид.

Против учеството на прославата биле 8 од владиците, а „за“ биле петмина.

Поврзани новости