Ѓорчев: Има голем пад на рејтингот на власта – Пендаровски ќе има 100.000 гласови помалку за разлика од 2019 година

by Fokus

„Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие избори. И ќе победи затоа што генерално расположението во Македонија е поинакво, граѓаните сакаат промена“.

Ова го изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата на ТВ21.

„Има голем, голем пад на рејтингот на власта. Гледаме голем раст на разочарувањето кај граѓаните, граѓаните не гледаат перспектива, иселувањето е огромно, инфлација која што галопира, цени кои што се ужасни и еден куп корупциски афери“, појасни тој.

Ѓорчев додаде дека споредено со 2019-тата година, власта е во многу понеповолна позиција, а ВМРО-ДПМНЕ е во налет.

„Значи во 2019-тата година, точно пред пет години во првиот круг власта го поддржа Пендаровски и СДС, ДУИ, Максим Димитриевски. Значи имаше едноставно концентрација на гласови за Стево Пендаровски, но сепак во првиот круг Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова имаа резултат 2 – 3.000 плус минус. А, сега мислам дека загубата Пендаровски генерално за СДС за две недели ќе видиме, но јас мислам ќе биде околу 100-тина илјади гласови сигурно. Затоа што ДУИ има свој кандидат и ќе си гласаат за него во првиот круг“, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека само со тоа СДС и Пендаровски ќе имаат значителен пад во гласовите.

Поврзани новости