Ѓорчев: Дали некој од власта му кажал на Боки 13 дека е осомничен?

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали е точно дека првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски добил дојава дека обвинителството за организиран криминал отворило истрага против него?

-Дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски за истрагата на МВР дека всушност тој е осомничено лице. Уште еднаш, дали и кој од врвовите на власта му доставил информации на осомничениот Бојан Јовановски дека има истрага против него. Ако е така се наметнуваат и други прашања: Дали кога и колку пати Зоран Заев се среќавал со Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец- праша Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, тој праша дали е веродостојно сведочењето на Зоран Милески – Кичеец, кое вчера се појави во дел од медиумите?

-Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски? Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори? Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања – порача пратеникот од ДПМНЕ.

Поврзани новости