Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш побара оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, поради, како што рече, скандалозно спроведени избори во Македонија.
-Тоа го констатираа граѓаните преку масовно присуство на полицијата, преку избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, избирачки ливчиња беа наоѓани важечки низ целата територија на Република Македонија. Тоа е толку голем пропуст со кој што претседателот на ДИК, веднаш неотповикливо треба да поднесе оставка. Ќе цитирам еден дел кој што се однесува исто така од извештајот на ОБСЕ: „Резултатите на национално ниво во првиот круг покажаа дека од 922 ливчиња меѓу бројот на подадени гласачки ливчиња и гласачи кои што гласале на изборите за градоначалник, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека имаме ситуација каде што директно и преку извештај на ОБСЕ се оспорени резултатите на 922 избирачки места, што значи имаме сомнеж за една третина од избирачките места.