Горан Мисовски: Влегуваме во финална пресметка со криминогената политичка структура

by fokus

Претседателот на Централниот изборен штабЦИШ на НСДП, Горан Мисовски, вчера во Кочани оствари средба со претседателите на општинските огранизации на партијата од третата изборна едница, информира партијата на Тито Петковски.

На средбата, како што се вели во партиското соопштение, присуствуваа сите претседатели на локалните ограноци од оваа изборна едница и беше констатирано дека „НСДП како никогаш досега е подготвена да истрача на овие предвремени парламенттарни избори и со максимална мобилизација на организацискиот и кадровски потенцијал да земе учество во финалната битка со авторитариот режим во Македонија.“

„Влегуваме во финалната битка, во пресметката со оваа криминогена и авторитарна политичка структура. Создадени се услови за одржување на фер и деморкатски избори на 11 декември, по чие завршување поразениот ќе му ја честита победата на победникиот. 11 декември означува демаркациона точка во политичката историја
на Македонија, по која криминалот, корупцијата и насилието ќе бидат предмет на  санкционирање, а не на фаворизирање од страна на системотНовата политичка гарнитура ќе излезе во пресрет на барањата на СЈО за продолжување на неговиот мандат и донесување на сите барани законски решнија со кои ќе се овозможни негово функционирање со полн капацитет. Исто така ќе се отвори простор за да институциите на системот профункционираат, а злосторничкото здружение, како што е дефинирано во обвинителните акти на СЈО, да биде изведено пред лицето на правдатаСите пари кои се изнесени од Македонија на нелегален начин во последните десет години од страна на структури блиски до власта, според сите индиции, ако се вратат назад се доволни за сервисирање на сите трошоци на државниот апарат најмалку една година, и тоа без задолжување” рече Горан Мисовски.

Поврзани новости