Милошоски: Има нешто фројдовско кај Павлопулос

by fokus 13:20
13:20

Македонија е грчка, колку што е Аљаска руска. Но, сепак би рекол дека има нешто Фројдовско во потребата на претседателот Павлопулос токму во градот Воден да изјави дека Македонија е една и грчка. Тој си знае зошто, пишува на својот Фејсбук профил Антонио Милошоски по изјавата на Прокопис Павлопулос.

„А кога станува збор за Македонија, она што го знаат и тој и сите земји членки на Обединатите Нации е дека пресудата од Судот во Хаг е една и меѓународна, ниту грчка, ниту македонска. Затоа во име на владеењето на правото, време е официјална Атина да ја примени пресудата од Хаг“, напиша Милошоски.

- Advertisements -

milososki

 

Поврзани новости