Граѓаните кои и денеска протестираат во моментов се пред Собранието. На демонстрантите им се обрати активистката Јасмина Голубовска, која периодов собира донации за лекување на нејзиниот болен татко, полицаец во пензија.
-Јас барам помош од сограѓаните на улица, бидејќи немам каде на друго место. Зашто сите од власта, седнати во кожни фотељи, не носат само во ендекот на Мартин Протуѓер, рече Јасмина Голубовска.
На нејзиниот татко, Стојко Голубовски, пензиониран полициски службеник, потребни му се средства за покривање на трошоците од лекувањето на постампутација направена на Државна клиника за торакална и васкуларна хирургија. По тримесечна борба со артеросклероза, дијабетес и извршени две ампутации и бај-пас на десната нога, Стојко мораше да биде префрлен на приватна клиника.