„Голф“ падна во Маркова река, возачот со скршеница на клучната коска

by fokus

21-годишниот Р.Ш. од скопското село Батинци се здобил со фрактура на левата клучна коска, откако „голфот“ со кој управувал завршил во Маркова река.

Според полицијата настанот се случил вчера на пладне. Возилото излетало од патот и паднало во реката.

Р.Ш, бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош. Од МВР додаваат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости