Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

by Фокус

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре во Веро центар во Скопје, која ќе трае до 12 август, кога посетителите на трговскиот центар ќе може да купат голем број производи по намалени цени. Во сабота во 12 часот, пак, ќе се оддржи и концерт за најмладите на кој ќе настапи хорот на детскиот фестивал „Поточиња“.

Следејќи ги потребите на потрошувачите, од менаџерскиот тим на Веро центар велат дека одлучија летните денови да ги „освежат“ со екстремно ниски цени во трговскиот центар. Притоа, само дел од продавниците каде ќе може да се пазари со попуст се: „Спорт М“, „Анхоч“, „Топ шоп“, „Васидора“, „Дуки Дасо“, „Сара фешн“, дрогеријата ДМ, маркетот на „Веро“, продавниците во одделот за храна и други. Дополнително, дел од забавата ќе биде и концерт на хорот на „Поточиња“ кој е наменет за најмладите.

– Секогаш размислуваме како да бидеме во чекор со потребите и желбите на сите наши посетители без разлика на годините. Овој пат, повозрасните ќе можат да можат да најдат огромен број на производи по ниски цени, а за децата организираме концерт на хорот на еден од најпознатите детски фестивали во земјава, „Поточиња“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос“.

Во трговскиот центар досега се одржале низа случувања на различни теми, како што се „Чоколенд“, „Чиз ленд“, како и голем број на ненадејни концерти и настани. Овојпат летото ќе биде одбележано со распродажбата со неверојатни попусти и до 80 отсто, а се планираат уште многу изненадувања за посетителите во периодот што следува.

 

Поврзани новости