Голема количина плин истекла од бензинска пумпа во Струга

by fokus 21:25
21:25

Голема количина плин истекла од резервоар во бензиската на „Макпетрол“ во Струга по што интервенирала територијалната противпожарна единица.

Раководителот на смена во територијалната противпожарна единица во Струга, Неад Куртиши информира дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари и нема опасност.

- Advertisements -

– Околу 17 часот и 30 минути добивме пријава дека во „Макпетрол“ бензиската тече плин, еден од вентилите пушта голема количина. Веднаш ги евакуиравме присутните на лице место и пристапивме кон затворање на сите вентили и успеавме да го запреме плинот, изјави Куртиши за МИА.

Според него, на населението од околните куќи и згради му било укажано да внимава со запалливи материјали и палење оган за да не настане голема катастрофа.

– Наидовме на големо разбирање кај локалното население. Им укажавме на луѓето кои живеат во близина да не палат оган, бидејќи дуваше ветер и имаше опасност од една искра да се направи пожар. Местото го опколивме и веднаш контактиравме со населението да не прави паника, нагласи Куртиши.

Состојбата, како што рече, сега е под котрола, дежурни екипи се на терен. Се очекува стручни лица утре да ги променат вентилите.

Поврзани новости