Голем скандал во светот на фудбалот, холандски репрезентативец шверцувал 1.300 килограми кокаин

by Fokus

Сезонава брилјираше во дресот на Спартак Москва, го носеше дресот на холандската фудбалска репрезентација, но тоа се чини не му беше доволно.

Повремениот холандски репрезентативец и фудбалер на Спартак Москва, Квинси Промес (31) е обвинет за шверц на 1.300 килограми кокаин во вредност од 75.000.000 евра.

Искусниот напаѓач се нашол во нов проблем, бидејќи против него веќе се води постапка за напад на роднина со нож на забава.

Промес има успешна кариера, ги носеше дресовите на Ајакс, Твенте, Го Ахед Иглс, Севиља, а во 2021 година пристигна во Спартак Москва каде е главен играч на тимот.

За холандската репрезентација одигра 50 натпревари.

Поврзани новости