1.1K
Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител.
Последното село кое е во близина на пожарот е Броштица, а тамошните жители велат дека теренот до пожарот е непристапен и до таму може само пешки да се стигне.
Проценките се дека засега нема опасност пожарот да се прошири до селото, но од другата страна на Стогово е галичкиот крај и селата од Галичник.
Жителите рекле дека биле во контакт со општината, но општината немала противпожарна единица.