Драматични сцени од Белорусија, уапсени стотици жени на протестот

by fokus

Полицијата во Белорусија приведе стотици демонстранти во центарот на Минск, додека околу 2.000 луѓе маршираа во центарот на градот барајќи оставка од претседателот, Александар Лукашенко.

Демонстрантите, повеќето жени, накратко се судриле со полицијата која им го блокирала патот и почнала да ги приведува. Жените извикувале „Само кукавиците тепаат жени“.

Меѓу приведените е и седумдесет и тригодишната активистка на опозицијата Нина Багинска која стана икона на протестите откако минатиот месец се судри со вооружени полицајци.

Белорусија ја „тресат“ масовни протести од реизборот на Лукашенко на 9. август. Демонстрантите тврдат дека изборите се наместени, а Лукашенко, кој е на власт 26 години, ги обвини странските сили дека ги поддржуваат протестите.

Поврзани новости