Пакет со отровот рицин испратен до Доналд Трамп

by fokus

Пакет кој содржи отров рицин му бил испратен на американскиот претседател Доналд Трамп, а го пресретнала полицијата во текот на оваа недела, пред да биде испорачан во Белата куќа.

Направени биле два теста за да се потврди присуство на рицин, пренесува Си Ен Ен. Цела пошта за Белата куќа се сортира и прегледува надвор од објектот пред да стигне во Белата куќа, а ФБИ и Тајната служба водат истрага за инцидентот.

Рицин е виоко токсично соединение добиено од рицинисови зрна кое се користи во терористички завери. Може да се користи во облик на прав, гас или киселина. Ако се проголта предизвикува мачнина, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, пратено со откажување на слезината, бубрегот, црниот дроб и смрт.

Поврзани новости