Голем пожар попладнево меѓу селата Добри Дол и Долно Соње – загрозени беа викендички и куќи

by Fokus

Центарот за управување со кризи информира дека голем пожар попладнево избил меѓу селата Долно Соње и Добри Дол, во општина Сопиште, кој брзо се проширил.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека опожарена била ниска вегетација и суви смреки кои предизвикале густ чад кој се гледал и од метрополата.

– Ангажирани беа три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување кои помогнаа во совладување на овој голем пожар кој загрози повеќе викендички и куќи во околината. На некои места пожарот беше сопрен во близина на неколку викендици, изгоре само една помошна просторија“ – вели Ангелов.

Повикани се и два хеликоптери на МВР кои ќе полетаат, доколку има потреба.

Поврзани новости