Голем пожар кај Велес, пожарот се доближува до првите куќи

by irena 16:39
16:39

Голем пожар избувна денеска во Велес, при што огнената стихија зафати поголема површина.

Според првичните информации, во опасност се и неколку куќи, а екипите на надлежните служби се на терен и интензивно работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот.

Надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до зафатеното подрачје и да ги следат насоките на службите додека трае интервенцијата. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Слични вести