Поради планирани технички интервенции во електропреносната мрежа, утре, среда, 01.07.2026 година, без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини и во населеното место Петровец, соопштуваат од ЕВН.
Најран прекин е најавен во Петровец, каде без струја ќе останат корисниците на ул. 1 во период од 08:00 до 09:00 часот.
Во општина Центар, од 09:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисници на ул. Стив Наумов бр. 69, 65, 63а, 63б, 102а, 102б, 102в, 102г и други корисници, како и корисници на ул. Славе Георгиевски Шнајдерот бр. 1, 3, 5 и 7.
Во истиот период прекин ќе има и на дел од ул. Тетовска, како и на ул. Јосиф Јосифовски Свештарот бр. 35, 35а, 37, 36, 34 и 32.
Во општина Карпош, од 09:00 до 16:30 часот, без струја ќе останат дел од потрошувачите на ул. Франклин Рузвелт, ул. Дрезденска и ул. Рампо Левката.
Во општина Ѓорче Петров, прекин е најавен од 10:00 до 14:00 часот за дел од ул. Знеполе и околните улички.