1.2K
Шумски пожар избувна денеска околу пладне во близина на Анталија во градот Сиде.
Пожарот избувна во шума недалеку од Анталија. Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода. Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек.
Сè уште не е познато дали има жртви. Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот со хеликоптери.
Поради големите пожари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи утрешната официјална посета на Анкара