Апасиев: „Левица“ поднесе 772 амандамани на шверцерскиот Изборен законик

by fokus

Пратениците на Левица поднесоа 772 амандмани на измените на Изборниот законик што денеска ги предложија пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-Пратениците на Левица поднесоа 772 амандмани на шверцерскиот Изборен законик поднесен од Широката коалиција на СДС-ДПМНЕ-ДУИ. Комисијата за политички систем е одложена на неодредено време, соопшти пратеникот, Димитар Апасиев.

Претходно тој објави дека предлог-законот им стигнал на мејл на пратениците во 14.45 часот, материјал од речиси 80 страници текст, во 15.50 часот почнала пленарната седница, а потоа била закажана Комисија за политички систем.

Претседателката на Комисијата, Соња Мираковска пак за МИА изјавила дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна  причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки.

Според Мираковска, се очекува седницата да продолжи утре, откако ќе се подготват материјалите.

Инаку, Собранието попладнево ја изгласа потребата од носење на измените на Изборниот законик, непосредно пред локалните избори, по скратена постапка.

Поврзани новости