Ѓоковиќ ја прекина соработката со тренерот Иванишевиќ: Шефе, ти благодарам… Те сакам пријателе!

by Fokus

По пет години поминати заедно, Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ решија да ја прекинат соработката пред Мастерсот во Монте Карло, каде српскиот тенисер ќе се обиде да ја освои титулата, но и да ја зголеми предноста на АТП листата.

Веста за раскинување на соработката дојде ненадејно. Целата ситуација ја објави Новак Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил.

Таму прикачи емотивна порака во која се прости од својот сега веќе поранешен тренер.

– Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше 2018 година и јас и Маријан (Вајда) сакавме да му донесеме некоја `сервисна магија` на нашето дуо. И, всушност, не е само тоа што го донесовме сервисот, туку и многу смеење, забава, прво место на крајот на годината, многу рушење рекорди и уште 12 грен слем титули (не вклучувајќи го финалето) од тогаш. Спомнав и мала драма? NoleFam би го знаел тоа.

– Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство беше секогаш силно. Всушност, со гордост можам да кажам (не сум сигурен дали и тој е) дека покрај тоа што заедно победуваме на турнири, имавме и споредна битка во Паркиси…со години. И тој турнир никогаш не завршува за нас. Шефе, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам – напиша Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Поврзани новости