Бајден: Да се погрижиме да ја заштитиме Украина од месарот Путин!

by Fokus

Претседателот на САД – Џо Бајден повторно го навреди рускиот претседател Владимир Путин, овојпат говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна Каролина.

„Замислете што можеме да направиме со ова (приходи од зголемените даноци на богатите). Имаме толку многу што можеме да направиме, вклучително и да се погрижиме да ја заштитиме Украина од месарот Путин“, рече Бајден

Претходно Бајден го нарече рускиот лидер „убиец“.

Путин како коментар на сето ова му посака здравје на Бајден и истакна дека оценувањето на другите луѓе е исто како и гледањето во огледало.

Од почетокот на воената операција во Украина, Бајден го нарече Путин „диктатор“, „месар“, „воен злосторник“ и нагласи дека „не може да остане на власт“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека ова е неприфатлива и непростлива реторика на шефот на САД, чии бомби убиле стотици илјади луѓе ширум светот.

Поврзани новости