655
Одбранбениот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин, чиј договор истекува во јуни 2019 година, ќе замине во Интер во летниот трансфер рок, јавува радиостаницата „Кадена СЕР“.
„Јорганџиите“ му нудат на Годин едногодишен договор, но спортистот не е задоволен. Изворот на информацијата тврди дека 32-годишниот уругвајски фудбалер ќе потпише двегодишен договор со калчолигашот за плата од 5,5 милиони евра по сезона.
Во тековната сезона, Годин настапи на 21 натпревар за Атлетико, постигна два гола и забележа една асистенција.