Од Службен весник се закануваат со тужби за клевета: Нема да дозволиме мешање на политиката

by fokus

Од јавното претпријатие Службен весник испратија соопштение до медиумите во кое се вели дека објавувањето на Законот за ратификација на Договорот од Преспа и на Законот за употреба на јазици е уставно. Од таму велат дека работат професионално и дека нема да дозволат мешање на политиката и нарушување на угледот на претпријатието.

Од таму посочуваат дека за секој обид за нарушување на угледот на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ ќе биде поведена соодветна судска постапка.

„Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ во број 7 од 14.01.2019 година ги објави Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Законот за употреба на јазиците. Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија (Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од 8 (осум) дена од денот на нивното донесување).

Согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели дека „Секој е должен да го почитува Уставот и законите“ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, стои во соопштението.

Поврзани новости